Ќерката на Џенифер Лопез издава книга

Ќерката на Џенифер Лопез издава книга

Ќерката на Џенифер Лопез очигледно го наследила нејзиниот уметнички талент и бизнис талент. 10-годишната Ема моментално преговара со различни издавачи за објавувањето на нејзината прва книга.

Веста дојде од пејачката, која очигледно, со цел да го зголеми интересот и понудата на издавачите, објави во Инстаграм нивни профилни фотографии, направени помеѓу различните состаноци.

„Денес е многу посебен ден. Ема и јас ќе ги видиме првите издавачи за идеја за книга што ја има“, пишува 48-годишната пејачка на првиот пост.

И додека повеќето нови писатели едвај успеваат да стигнат и до една средба, Џеј Ло нема да биде задоволна само со една понуда.

„Ние сме многу возбудени. Денес имаме три состаноци“, вели тестот под друга слика.

На третата се гледа и каква е идејата на малата Ема – таа држи книга со наслов „Lord help me“.