Керамиката, вечна инспирација за уредување на домот

Керамиката, вечна инспирација за уредување на домот

Шпанското креативно студио ,,Masquepacio” претстави нов дизајн на ентериер наречен „Од минатото до иднината“, а самиот дизајн му оддава почит на безвременскиот материјал – керамиката.

Атмосферата во ентериерот потсетува на грчко-римската архитектура со надреалистички детали при користењето на керамиката во простор што, со безброј варијации и стилови. Презентираниот простор се карактеризира со нијанси на сина, крема и златна боја, а раскошот на полиран мермер и индиго детали создава посебна внатрешна архитектура која не остава никој рамнодушен.

Керамиката може да се прилагоди на секоја употреба и може да се користи на многу повеќе начини.