Кендал повторно се соблече и позираше само со гумени ракавици на рацете!

Кендал повторно се соблече и позираше само со гумени ракавици на рацете!

Манекенката Кендал Џенер се појавила на уште една насловна страница, а овојпат станува збор за италијанскиот Вог.

За таа прилика, Кендал целосно се соблекла, а на себе носела само жолти гумени ракавици, проѕирни чорапи и бели високи потпетици.

Таа пред објективот го покажала задникот и дел од градите додека стоела пред отворена врата.

Инспирација за новата фотосесија биле педесеттите години на минатиот век, па токму поради тоа косата на Кендал била кратка и со многу волумен. На останатите фотографии за списанието, каде Џенер е облечена, таа носела шарен капут и проѕирно здолниште.

Автор на фотографиите е Мерт Алас, а додека многумина, вклучувајќи го и италијанскиот Вог, го оправдале позирањето на манекенката, постојат и такви кои не се обожаватели на ваквата фотосесија на супермоделот.

“Холивуд ги прави девојките проститутки”, искоментирал еден од корисниците на фотографијата на која се наоѓа Кендал. Ова позирање пред објективите се случило откако таа ја раскажала приказната за борбата со акните кои ја мачеле во пубертетот.

Џенер објавила фотографија од себеси кога имала 13 години и покажала колку била проблематична нејзината кожа.

“Плачев секој ден бидејќи луѓето зјапаа во моето лице”, раскажала познатата членка на семејството Кардашијан-Џенер.