Кендал Џенер во провокативно издание во Париз

Кендал Џенер во провокативно издание во Париз

Една од сестрите Кардашијан-Џенер,Kендал Џенер важи за еден од најбараните модели во светот, а каде и да се појави таа не останува незабележана.

Во вторникот, Кендал беше почесен гостин на 70-тата годишница на Longchamp во Париз, а со нејзиниот изглед таа ги привлече сите погледи кон неа.

Џенер се појави со храбар стајлинг, облечена во гламурозен фустан од чипка кој е речиси целиот проѕирен, а одоздола носеше кратки тесни шорцеви со висок струк.

Со длабоко деколте и речиси целосно откриена кожа Кендал изгледаше совршено.