Кендал Џенер се забавува на Миконос

Кендал Џенер се забавува на Миконос

Кендал Џенер одлета во Грција на летување со свои пријателки.

23-годишниот модел беше фотографиран додека се забавуваше со својата колешка Шанина Шајк и уште неколку пријателки на плажата Псароу на островот Миконос. Славната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ носеше сребрени бикни од Danielle Guizio, кои чинат 168 долари.