Кендал Џенер откри зашто ставила тетоважа на устата

Кендал Џенер откри зашто ставила тетоважа на устата

Манекенката Кендал Џенер, има минималистички и едноставен стил, прилично различен од нејзините сестри, но има и по некоја грешка.

Таа летото во 2016 година ставила тетоважа во внатрешниот дел на усната која едноставно е „meow”, а сега таа на Елен и откри зошто всушност ја ставила оваа тетоважа.

„Пијана бев. Не размислував трезвено.“ вели таа во интервјуто.

Таа во интервјуто открива дека тоа било првото нешто што и паднало на памет, а за таа грешка го обвини алкохолот. Со гледачите го сподели искуството со тетоважите, вели дека воопшто не болела, за разлика од тетоважите кои ги ставила на прстот од кои имала ужасни болки.