Кендал Џенер е лице во новата кампања на Кавали

Кендал Џенер е лице во новата кампања на Кавали

Најплатениот модел на годината според Форбс, со заработувачка од 22 милиони долари во изминатава година, Кендал Џенер, е главно лице во новата кампања на италијанската луксузна модна марка Роберто Кавали.

Колекцијата е дизајнирана за сезоната пролет/лето 2019. Џенер позира во фотосесијата реализирана од Мерт и Маркус.

Новата сезона ги нагласува препознатливите Кавали принтови, а како хит модни додатоци се најавуваат кожените „огледало“ чанти и чизмите со модифициран „анимал“ принт со висина до глуждовите.