Кејти Пери го кажа судбоносното ДА!

Кејти Пери го кажа судбоносното ДА!

Глумецот Орландо Блум и пејачката Кејти Пери со објава на Инстаграм ја потврдија веридбата.

Глумецот синоќа ѝ го постави судбоносното прашање на Кејти Пери на Денот на вљубените во романтично опкружување. Кејти на социјалните мрежи пред околу еден час ја сподели веста со светот, притоа прикажувајќи го вереничкиот дијамантски розов прстен.

View this post on Instagram

full bloom

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

Фотографиите од парот после запросувањето веднаш се појавија на Твитер.

Кејти не му одолеа на фотографијата од нејзината рака со прстенот, која покрај неа на социјалните мрежи ја објави и нејзината мајка.

Инаку, парот прво беше во врска од 2016 до 2017 година, потоа се разделиле, а повторно стапиле во врска во април 2018 година кога заедно го посетија Папата.