Кејти Холмс зборува за разводот од Том Круз

Кејти Холмс зборува за разводот од Том Круз

Кејти Холмс позирајќи за насловната страница на магазинот InStyle, за прв пат сосема искрено и без опструкции, зборуваше за детали од приватниот живот за кои до сега молчеше.

Меѓу останатото, зборуваше и за стресот кој го доживеала кога, по шест години брак, во 2012 година се разведе од Том Круз.

„Тоа време беше напнато и интезивно. Сето тоа привлече големо внимание, а покрај тоа имав и мало дете. Многумина кои дотогаш не го познавав, на крајот ми станаа пријатели и многу ми помогнаа“.