Кејти Холмс после 5 години за рака со Џејми Фокс!

Кејти Холмс во 2012. потпишала еден од најбизарните договори во историјата на Холивуд.

Иако се зборува дека Кејти Холмс и Џејми Фокс веќе четири години се во врска, до вчера не постоела ниедна нивна заедничка фотографија, ниедно видео на кое се снимени еден покрај друг…А сето тоа поради болниот договор кој Кејти морала да го потпише кога се разведувала од Том Круз.

Една од најбизарните холивудски приказни, верувале или не, е вистинита, и во септември 2012. година, како услов за добивање на брз развод од Том Круз, Кејти прифатила и клаузула според која се обврзува дека пет години по разводот нема да направи нешто јавно што би можело да го понижи Круз.

Таа бизарна клаузула конечно истекла, и Кејти Холмс и Џејми Фокс конечно повеќе не мора да се кријат, па биле фотографирани заедно на прошетка по плажите во Малибу.

Актерите блескале од среќа, а тоа што е сигурно, Том Круз сигурно нема да биде среќен кога ќе ги види овие фотографии.