Кејти Холмс има нова љубов

Кејти Холмс има нова љубов

Кејти Холмс сега има нова љубов.

Според најновите папарацо фотографии, снимени во ресторанот „Peasant“ на Менхетен во неделата вечерта, 41-годишната Кејти има причина за среќа. Она што досега се шпекулираше сега е и потврдено, насмевката на лицето ѝ ја врати 33-годишниот готвач Емилио Витоло помладиот, кому му седнала во скутот во ресторанот пред да разменат неколку страстни бакнежи.

Шпекулациите на нивната врска беа поттикнати од неодамнешните фотографии на кои се уловени Кејти и Емилио. На фотографии Кејти цело време е насмеана и вљубено гледа во Емилио.