Кејт Винслет воодушеви со одговорот за можната соработка со Леонардо ДиКаприо

Кејт Винслет воодушеви со одговорот за можната соработка со Леонардо ДиКаприо

Кога ќе се спомнат Кејт Винслет и Леонардо ДиКаприо, уште колку многу филмови да снимат, нас секогаш прва асоцијација на нив ќе ни биде Титаник.

Во едно од последните интервјуа за новиот филм Планините помеѓу нас, Кејт воодушеви со одговорот на пршањето дали таа и Лео планираат повторно да заиграат заедно на филмското платно.

Во овој момент немаме ништо во план, но секако дека би сакала да работиме пак на нешто заедно, доколку се укаже вистинска прилика. Меѓутоа, можеби таква прилика нема да се укаже додека и двајцата не бидеме во 70-те години. Но кога ќе размислам за тоа, такво нешто би било баш слатко, зарем не? – насмеано одговори Кејт.

Па, тоа е дефинитивно нешто што би сакале да видиме и на тој начин совршено би ја заокружиле својата кариера.