Кејт Мос призна дека жали за своите поранешни изјави!

Кејт Мос призна дека жали за своите поранешни изјави!

Пред  неполна деценија Кејт Мос ја шокира јавноста и изјави – “Не постои вкус кој е подобар од чувството да си слаб”.

Всушност тоа е и една од работите за кои најмногу жали, открила во новото интервју за телевизијата “NBC”.

“Тогаш живеев со колешка и тоа го потпевнувавме кога на пример, јадевме кекси”, се потсетила 44-годишната манекенка и нагласила дека денес повеќе не верува во таа мантра и дека е среќна што гледа дека модната индустрија се менува на подобро.

“Рзличноста денес е многу позастапена во модната индустрија, од тогаш. Постојат толку различни големини, бои и висини”, искоментирала Кејт во интервјуто, во кое се присетила и на позирањето во топлес на почетокот на кариерата, кога имала само 15 години.

“Бев под притисок. Работев со фотографката Корин Деј, која обожуваше да ме фотографира топлес, иако мене тоа од самиот почеток не ми се допаѓаше. Тоа не би ѝ го дозволила на мојата ќерка”, заклучила Кејт, чија 15-годишна ќерка, Лила Грејс Мос Хек исто така сака да се занимава со манекенство.