Кејт Мидлтон ја откри тајната за удобност во високи потпетици

Кејт Мидлтон ја откри тајната за удобност во високи потпетици

Кејт Мидлтон ретко кога можеме да ја видиме без високи потпетици.

На бројните кралски настани и разни церемонии таа долго време стои, па многу жени се прашуваат како Кејт издржува со часови на високи потпетици.

Како што пренесува „Венити фер“ нејзината тајна е во влошките за чевли. Кејт во сите чевли става влошки од италијанско производство направени од квалитетна кожа кои ѝ пружаат удобност и стабилност.

Многу е важно да се истакне дека станува збор за кожни влошки затоа што силиконските или влошките од ткаенина не се доволно цврсти за да го стабилизираат стапалото.