Кејлор Навас со нов договор

Кејлор Навас со нов договор

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, ќе ја продолжел соработката со Реал Мадрид на уште една година.

Актуелниот договор на Костариканецот истекува во 2020 година, а челниците на Реал сериозно ја разгледувале опцијата да ја продолжат соработката со голманот до 2021 година.

Ова ќе се случи доколку Навас се согласи да остане во Реал за помала плата, односно според новиот договор да добива пет милиони евра годишно. Актуелниот договор на 31-годишниот голман му гарантира годишна плата од шест милиони евра.

Кејлор Навас му помогна на Реал да освои три титули во низа во Лигата на шампионите, но по доаѓањето на Тибо Куртоа остана без местото во стартната постава.