Ќе се снима продолжение на „Сексот и градот“!

Ќе се снима продолжение на „Сексот и градот“!

Најновото продолжение на „Сексот и градот“ односно седмата сезона ќе се снима, но еден од главните ликови нема да се појави во неа.

HBO Max е близу до конечен договор за заживување на серијата во нејзината седма сезона. Би ги виделе Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон како Кери, Шарлот и Миранда. Ким Катрал повеќе нема да ја игра легендарната Саманта и фановите на серијата се многу разочарани поради тоа.

Оваа вест ја објави „The New York Post“.

Една од идеите е да се воведе нов лик на Афро-американска или Латино-американска Саманта наместо Ким.

Сара Џесика Паркер изјави дека е љубопитна да види каде се хероините во серијата денес.