Ќе се снима продолжение на „Кралот лав“

Ќе се снима продолжение на „Кралот лав“

„Дизни“  објавиja дека ќе снимаaт продолжение на „Кралот лав“ во 3Д.

Режијата ќе му биде доверена на Бери Џенкинс, кој го сними филмот „Месечината“.

„Кралот лав“, кој беше успешен во киносалите, и покрај млаките критики, излезе во 2019 година и заработи околу 1,6 милијарди долари. Во тој цртан филм, гласовите ги позајмија многу ѕвезди, вклучувајќи ја и пејачката Бијонсе.

„Дизни“ не соопшти други детали, додека Џенкинс рече дека неговиот сон е да работи со таа компанија.