Каваи Ленард одби да го продолжи договорот со Торонто

Каваи Ленард одби да го продолжи договорот со Торонто

Каваи Ленард ја одби можноста наредната година да прими 21 милион долари, што значи дека од 1 јули е слободен играч.

МВП-играчот на овогодинешното НБА-финале има клаузула во договорот по која сам може да одбере дали ќе го продолжи договорот за уште една година. Ленард се реши да ја заврши досегашната соработка со Репторси.

Информацијата ја пренесе Јаху Спортс кој наведува дека Каваи сериозно размислува да потпише нов договор со Торонто, но сега за значително повисока плата, 70 милиони долари за 2 години.

Познато е дека Ленард закаше да заигра и во ЛА Лејкерс каде што е роден, но информациите од Канада се дека сепак играчот ќе одигра уште најмалку една сезона за да ја одбрани освоената титула.