Карвахал: Младите играчи покажаа дека не заслужуваат да играат во првата екипа!

Карвахал: Младите играчи покажаа дека не заслужуваат да играат во првата екипа!

Дани Карвахал беше многу лут после вчерашниот пораз од ЦСКА Москва во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Кралскиот клуб доживеа голема бламажа пред своите навивачи – актуелните европски шампиони беа поразени од ЦСКА Москва со високи 3:0.

Пред неколку седмици зборувавме за тоа како младите играчи кои што пораснале во Реал можат без проблем да играат во оваа екипа, но се покажа дека не заслужуваат да играат во првата екипа. Фрустриран сум поради поразот на домашен терен, но завршивме први во групата и тоа е најважно – изјави Карвахал.