Каролина Гочева го најави настапот на првите Музички награди во Белград

Каролина Гочева го најави настапот на првите Музички награди во Белград

Каролина Гочева ќе пее заедно со бројни балкански ѕвезди на првата церемонија по повод доделувањето на Музичките награди во Белград.

38-годишната пејачка со фотографии и видео го најави својот настап на манифестацијата, која ќе се одржи на 29 јануари следната година во Штарк Арена.

„Чест и задоволство ми е што ќе настапам на првите @music.awards.ceremony каде ќе може да се слушне дел од најдобрата музика што ја нуди регионов. Датумот е 29.01.2019, местото е Штарк Арена Белград. Се гледаме“ – напиша Гочева.