Каролина Гочева,елегантна во црни креации и накит Rebecca

Каролина Гочева,елегантна во црни креации и накит Rebecca

Пееше од душа и за душа, пленеше со милозвучниот глас, изненадуваше со стари и нови хитови, одушевуваше со отменоста… Каролина Гочева ги поведе своите фанови на музички патувања за време на двата концерти со оркестарот на Македонската филхармонија.

Македонското девојче со елегантни комбинации со интригантни модни додатоци ја шармираше публиката. Вешто танцувајќи помеѓу концептите „дамска елеганција“ и „умерен гламур“, нашата ѕвезда блескаше во темни стајлинзи од нејзината долгогодишна соработничка Цаци Паковска.

Црната комбинација на првиот концерт беше надополнета со префинет накит од колекцијата „Lucciole“ од италијанскиот бренд Rebecca, кој пред три месеци го отвори првиот продажен салон во Скопје и кој во Каролина веднаш препозна идеално заштитно лице.