Каролина Гочева блеска со накитот Rebecca

Каролина Гочева блеска со накитот Rebecca

Ѕвездите од светот на шоу-бизнисот обожаваат ефектен накит со кој се стремат кон уникатен, софистициран и незаборавен стајлинг. Иако неретко знаат да изберат скапоцени парчиња кои чинат вистинско богатство и тие не остануваат имуни на привлечноста на попристапен шармантен накит.

Бијонсе, Ријана и Пинк се само дел од славните обожавателки на брендот Rebecca, во кој од неодамна се вљуби и „македонското девојче“ Каролина Гочева. Италијанскиот накит со модерен дизајн пред два месеца се досели во Скопје и ги примами погледите на дамите кои ја знаат моќта на модните додатоци.

Проталкајте низ стилските изгледи на популарните дами кои беа освоени од накитот Rebecca, чиј прв продажен салон кај нас се наоѓа во трговскиот центар Рамстор.

Уште на првиот чекор на македонската сцена, Rebecca ги зароби срцата на Каролина Гочева, Бесијана Касами – Биг Мама и Арменд Рамадани, кои станаа заштитни лица на брендот.