Стеф Кари главен на вечерта во НБА лигата

Стеф Кари главен на вечерта во НБА лигата
Apr 19, 2021; Philadelphia, Pennsylvania, USA; Golden State Warriors guard Stephen Curry (30) reacts after a three pointer against the Philadelphia 76ers during the fourth quarter at Wells Fargo Center. Mandatory Credit: Bill Streicher-USA TODAY Sports
Кари уште еднаш го предводеше Голден Стејт до победа над Филаделфија на гости со 107-96. Кари средбата ја заврши со 49 поени од кои дури 10 тројки, што е четврто вакво остварување за него во низа, а вкупно 21-во во кариерата. Воедно тој е и највозрасниот играч кој на дури 11 средби во низа реализирал над 30 поени по натпревар.