Капитенот на Интер предизвикал вистински хаос во соблекувалната на тимот

Мауро Икарди во последно време се почесто се поврзува со заминување од Интер и ставање крај на етапата на Џузепе Меаца, а по мистериозната порака која ја испрати самиот напаѓач и сензационалната изјава на Хорхе Сампаоли, денеска еден од најугледните италијански весници осамна со шокантна насловна страна поврзана за Аргентинецот.

Кориере дела Сера излезе со ексклузива дека капитенот на Интер предизвикал вистински хаос во соблекувалната на тимот по натпрварот со СПАЛ кој заврши 1:1, водејќи жестока караница со двајцата Хрвати, Перишиќ и Брозовиќ. Икарди беше нетрпелив со Перишиќ уште на теренот и во неколку наврати му замеруваше за неговите одлуки, но сепак како што тврди угледнот медиуми, ситуацијата ескалирала во соблекувалната кога Хрватот не останал рамнодушен на прозивките и влегол во конфорнтација со капитенот. Крилниот напаѓач добил поддршка и од својот сонародник Марсело Брозовиќ кој исто така му се нафрлил на Икарди во одбрана на својот добар пријател, а уште поголем хаос и физичка пресметка спречиле останатите соиграчи кои некако успеале да ја смират ситуацијата, и пред се страстите.

Кориере дела Сера потенцира дека ваквото однесување на Икарди е само уште еден доказ дека е многу нервозен од последните катастрофални изданија на тимот, а исто така нагласува дека тоа може да биде пресудно за негово заминување на Сантијаго Бернабеу во летниот преоден рок.