Капело:Меси е генијалец!

Капело:Меси е генијалец!

Италијанскиот тренер, Фабио Капело во својата кариера водеше бројни клубови и репрезентации, а откако ја заврши својата авантура во Кина, тој моментално е без работа.

Сепак, неговите коментари во врска со Лионел Меси привлекоа големо внимание.

Лионел Меси не е фудбалер, тој е генијалец и е единствениот генијалец во светот на фудбалот. Нема некои добри резултати со Аргентина, но тоа е затоа што мора се сам да направи – изјави Фабио Капело.

Капело исто така даде и свој коментар за Кристијано Роналдо.

Кристијано разбуди многу игрчаи во Јувентус. Неговото доаѓање во клубот беше повик за многу играчи да се разбудат и тој е причината што играат подобро – изјави Капело.