Кампување или летување во апартман… Што е повеќе исплатливо?

Кампување или летување во апартман… Што е повеќе исплатливо?

Според она што можеме да го забележиме кај нашите граѓани, кампувањето е повторно во мода. ПОзнатите туристички сајтови се повеќе и повеќе нудат опции за кампување, а камповите во Грција стануваат се подобри од година во година.

Кампувањето има голем број на предности, но исто така треба да имате на ум дека кампувањето и не е баш најефтиниот начин да го поминете летото.

Во последните неколку години, камповите во Грција се издгинаа на едно повисоко ниво и нудат содржина слична како хотелите и апартманите. Денеска во камповите можете да одберете смештај во шатор, дрвена куќа, приколка, бунгалови, а голем дел од нив нудат и мали луксузни куќи кои имаат сопствено купатило и кујна.

Цените во понудите се различни, на пример цената за двајца од ден изнесува од 20 до 35 евра. Порано во камп можевте да поминете со 250 евра за 10-тина дена, но денеска не е баш така, особено ако сакате да одите во сезона.

Цените можеби се поскапени, но камповите денеска нудат се што нуди и еден апартман.