Камила Кабејо и Шон Мендес со „Señorita“ ја добија наградата за Најдобра соработка на AMA

Камила Кабејо и Шон Мендес со „Señorita“ ја добија наградата за Најдобра соработка на AMA

Камила Кабејо и Шон Мендес синоќа заедно настапија на манифестацијата по повод доделувањето на Американските музички награди.

Во Микрософт театарот во Лос Анџелес, 22-годишната пејачка заводливо танцуваше додека со нејзиниот сакан го пееја заедничкиот хит „Señorita“. Парот, кој е во врска веќе неколку месеци, доби многу комплименти за сензуалниот настап.

На свеченоста, Камила и Шон ја добија наградата за Најдобра соработка. Статуетката ѝ ја врачи на Камила актерката Џејми Ли Кертис.