Калиниќ не се снајде во Милан

Калиниќ не се снајде во Милан

Се поизвесно е дека Никола Калиниќ по само една сезона ќе си замине од Сан Сиро и кариерата ќе ја продолжи во друга средина.

Медиумите во Италија пишуваат дека Диего Симеоне лично ги контактирал челниците на Милан за да се распраша за хрватскиот интернационалец. Наводно, тренерот на Атлетико Мадрид го посакува Калиниќ како резервна опција за првиот избор, Диего Коста.

30 годишниот напаѓач минува низ турбулентен период откако беше отстранет од репрезентацијата на Хрватска за Мундијалот во Русија, а имаше и лоша сезона зад себе со само шест постигнати погодоци во дресот на Милан, па затоа оваа вест доаѓа како големо изненадување.

Од таборот на Милан пак неговото заминување ќе го покријат со Чиро Имобиле од Лацио или со Радамел Фалкао од Монако.