Какви скапи подароци купуваат познатите личности?!

Какви скапи подароци купуваат  познатите личности?!

Славните не штедат ниту кога се во прашање божиќните подароци, а повеќето од нив посегнуваат длабоко во џебот за да ги развеселат своите најблиски.

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам во 2005 година ѝ подарил на сопругата Викторија Бекам дизајнирана торбичка со дијаманти, вредна 115 илјади долари и клучеви од нов Ролс-Ројс, вреден 308 илјади долари.

Дејвид не е единствениот кој штеди на својата сопруга – американскиот актер Бен Афлек на својата, сега веќе поранешна сопруга Џенифер Гарнер, ѝ купил дијамантски прстен од седум карати, а не штедел ниту на поранешната вереничка Џенифер Лопез. Тој на неа за еден Божиќ ѝ купил ВЦ школка обложена со дијаманти, рубини и сафири.

Британскиот актер Џад Ло на својата поранешна партнерка Сиена Милер за Божиќ ѝ подарил клавир во кој ставил сафирски прстен вреден околу 150 илјади долари. Без оглед на неговата дарежливост, нивната романса не траела долго.

Бијонсе на својот сопруг Џеј Зи му подарила Бугати вредно два милиони долари, а тој ѝ купил Биркин чантичка вредна 350 илјади долари. Славниот музички пар не штеди ниту на своите деца – тие на својата ќеркичка ѝ подариле кукла вредна вртоглави 60 илјади американски долари, а станува збор за кукла која на себе има дијаманти, а е изработена е од бел и златен накит.

Поранешниот боксер Мајк Тајсон, како подарок за својата поранешна сопруга Робин Гивенс купил огромна златна када во вредност од 2 милиони долари.

Таткото на Тори Спелинг, продуцентот Арон, сакал на своите деца да им пружи “бајковит Божиќ”, а за таа цел купил машина за лажен снег во вредност од 2 милиони долари со која го опсипал целиот имот со “снегулки”. Тори била толку воодушевена од тоа искуство што и самата им го приуштила тоа на своите деца во 2009 година.