Каков трансфер направи Муса Дембеле?

Каков трансфер направи Муса Дембеле?

Муса Дембеле се прослави со своите феноменални партии во дресот на Селтик, и иако се веруваше дека неговиот следен чекор ќе биде некој од најсилните тимови во англиската Премиер лига, ова попладне пристигна шокантна информација дека неговите услуги ги обезбедил новајлијата во елитното друштво.

За трансферот на суперталентираниот 21-годишен фудбалер беа сериозно загреани и најголемите клубови во Англија, но сепак Брајтон прв одлучи да испрати официјална понуда која раководството на шкотскиот клуб експресно ја прифатил. Брајтон ќе го добие Дембеле за сума од 18 милиони фунти, сума која во превод претставува рекордна за овој мал клуб од Англија кој оваа сезона се врати во елитното друштво по пауза од речиси четири децении.

На овој начин, Брајтон прави сериозен чекор напред со цел избегнување на борбата за опстанок во Премиер лигата, а со оваа голема аквизиција може да размислува и на место во топ 10 во Премиер лигата.