Како реагираше Џулија Робертс од како за 5 секунди ги доби градите на Ким Кардашијан?!

Како реагираше Џулија Робертс од како за 5 секунди ги доби градите на Ким Кардашијан?!

Славната актерка се трансформирала во Ким Кардашијан, а нејзиниот израз на лицето кажува колку и било непријатно.

Холивудската ѕвезда и една од омилените актерки, 51-годишната Џулија Робертс, славната водителка Елен Деџенерис ја угостила во својата емисија и целосно ја трансформирала во најпопуларната ријалити ѕвезда – Ким Кардашијан.

Џулија и Елен се шегувале на темата број на фанови на Инстаграм, а потоа водителката, која има повеќе фанови на социјалната мрежа од Робертс, дошла до идеја да и помогне во тоа да биде попопуларна на социјалните мрежи.

За да биде “тренди”, Елен го “вработила” својот тим, кој на Џулија и ставил огромни гради кои излегуваат од горниот дел на бикинито, ги префрлил преку нејзината наметка – и актерката се претворила во бујната Ким.

Џулија цело време со изразите на лицето покажувала колку и е непријатно, а во некои моменти и самата покажала дека знае низ што минува, па заземала пози кои се – “ин”.

Како изгледала оваа урнебесна сцена можете да погледнете на приложеното видео.