Како Македонија ќе стигне на ракометното СП 2021 во Египет?

Како Македонија ќе стигне на ракометното СП 2021 во Египет?

Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска ги објави промените за добивање „виза“ за учество на ракометниот Мундијал што во 2021 годна е планирано да се одржи во Египет.

На светските ракометни шампионати досега настапуваа по 24 селекција, а во 2021 година на Мундијалот ќе настапат 32 репрезентации.

ИХФ информираше дека бројот на европските селекции со право на настап досега на светските ракометни собири беше 9, а отсега ќе биде 13.

Од вкупно 32 места за ракометни селекции за СП 2021 само 2 се однапред доделени. Ти ќе им припаднат на домаќинот Египет и на светскиот ракометен првак, Данска.

За разлика од последното СП, веќе нема да има директен пласман за актуелниот европски шампион. Европа ќе има 14 претставници на овој шампионат. За споредба на СП 2019 во Данска и во Германија имаше 13.

Европските селекции пак ќе разигруваат со бараж мечеви за влез на СП 2021.

Македонија ќе има можнсот да обезбеди виза за Мундијалот само доколку на Европското првенство во 2020 годин биде во првите 14 или 15 селекции со што ќе биде во првиот шешир од баражот за СП.

Африка ќе има 6 учесници на овој шампионат, и домаќинот Египет, додека Азија ќе биде со четири преставника, а додека ПАН Америка ќе има 5 селекции.

Океанија има едно место, но под услов шамионот на континентот да биде меѓу најдобрите 5 селекции на Купот на Азија.

Доколку тоа не се случи, Океанија нема да има преставник на Мундијалот, а местото ќе биде доделено како втора вајлд-карта од ИХФ.