Како конзумирањето на вода ги подобрува вашите перформанси и физичкиот изглед ?

Како конзумирањето на вода ги подобрува вашите перформанси и физичкиот изглед ?

Многумина од нас не знаат колку вода конзумираат во текот на еден ден. Мал процент од нас одвојуваат време за ја водат евиденција колку вода пиеме – запазувањето на протеините, јагленохидратите и мастите со право е сметано како круцијална алатка за зголемување на мускулната маса или намалување на килограмите, но конзумацијата на вода е прилично запоставена за повеќето.

Водата е многу повеќе од течност која ја користите за приготвување на утринското кафе. Водата игра круцијална улога во правилното функционирање и помага на виталните функции. Најважните функции кои водата ги изведува во нашето тело се:

  • Транспортација на гликоген и кислород во мускулите
  • Дигестија и конверзација на храната во енергија спремна за телото да ја користи
  • Регулирање на телесната температура при физичка активност

Ако не му обезбедувате на телото доволно вода секојдневно, вашата целокупна здравствена состојба и перформансите во теретаната потенцијално можат да страдаат.

Количината на вода која треба да ја конзумира една индивидуа ќе варира. На пример, индивидуа која има 90 килограми и тренира екстремно 90 минути дневно треба да конзумира повеќе вода од индивидуа која има 70 килограми која пешачи 30 минути дневно.

calculate-your-recommended-water-intake-facebook

Кога размислуваме за конзумирање на водата, треба да го имаме истиот mindset кога размислуваме и за калорискиот внес. Зависно од вашата работа, дневните активности и колку долго и колку интензивно тренирате,  според тоа треба да ги прилагодите количините. Колку повеќе енергија трошите во денот или кога тренирате, дотолку повеќе треба да го надокнадите она што сте го изгубиле преку потењето. Колку поголема мускулна маса имате и колку повеќе ги користите мускулите за тренирање, пропорционално на тоа повеќе енергија му треба на телото и толку повеќе вода ќе биде потребно за да се надокнади.

Истражување кое тестирало хидратацијата на телото пред физичка активност кај професиионални спортисти и рекреативци открило дека 50% од тестираните биле дехидрирани. Речиси половина од испитаниците го започнувале својот тренинг во дехидрирана фаза, па замислете во каков стадиум било телото на крајот од тренингот ? Ако вашето тело константно е во таква дехидрирана фаза, способноста на телото за дигестирање на храната, дневното функционирање и вашите перформанси во теретана можат значително да бидат погодени.

Недостатокот на внес на вода може да има влијание и на вашиот прогрес. Дехидратацијата може да има негативно влијание на опоравокот и мускулниот раст. Истражување објавено во “European Journal of Applied Physiology открило корелација помеѓу губењето, дефицитот на вода и губењето на сила. Оние кои учествувале во истражувањето кои изгубиле 3% од телесната тежина од вода, не можеле да изведат толку повторувања и не можеле да го вратат срцевиот пулс во нормала споредбено со други испитаници.

Просечниот спортист губи од 6-10% од телесната тежина во потење, така што ако загубата од само 3% е докажано дека влијае негативно на силата и перформансите, замислете ја состојбата во која се наоѓа вашето тело кога губите двојно или тројна од таа количина ? Со неправилна хидратација, го ставате вашето тело во послаба состојба која може да има негативен ефект на вашето тело и вашите перформанси додека сте физички активни.

4-ways-to-maintain-a-calorie-deficit-without-counting-macros_01

Еден од наједноставните начини да ви помогне со конзумацијата на вода е да направите напор да испиете голема чаша од 350-400 мл наутро по будењето, навечер пред спиење и со секој оброк во денот. Користејќи ја оваа рутина, со сигурност ќе внесете 2,5 до 3 литри вода дневно и од тука може помалку да зголемувате.

Зависно од вашиот животен стил и времетрање на физичката дневна активност можеби ќе треба да вметнете повеќе вода во вашето “мени”. Ако се чувствувате уморно, истрошено и не може да тренирате како вообичаено што тренирате во теретана, веројатно треба да погледнете колку вода конзумирате. Конзумирањето на адекватната количина на вода пред, за време и после вашиот тренинг може значително да ви помогне при достигнување на вашите цели.