Како ќе изгледа Aston Martin Vanquish Zagato Shooting Brake

Како ќе изгледа Aston Martin Vanquish Zagato Shooting Brake

„Aston Martin“ во 2017-та ја најави соработката со компанијата „Zagato“ за подготовката на „Shooting Brake“ верзијата на моделот „Vanquish“, a сега се објавени фотографии од надворешноста и детали од ентериерот на овој специфичен автомобил.

Долгогодишната соработка на компанијата „Aston Martin“ и познатата италијанска дизајнерска куќа „Zagato“ резултираше со уште еден модел – „Vanquish Shooting Brake“.

Eксклузивноста на овој автомобил – покрај специфичниот облик на каросеријата – допринесува и податокот дека, како и во случаите на моделите „Vanquish Zagato“ и „Vanquish Volante Zagato“ ќе биде изработен во 99 примероци.

За погон „Aston Martin Vanquish Zagato Shooting Brake“ ќе биде задолжен атмосферски 5.9-литарски V12 со 600 ks поврзан со 8-брзински автоматик.Засега не е објавено кога овој модел ќе има официјална премиера и кога ќе започне продажбата.

Инаку, „Aston Martin“ и „Zagato“ покрај споменатите три верзии на моделот „Vanquish“ најавуваат и четврта – „Speedster“, која ќе биде уште поекслузивна затоа што ќе бидат направени само 28 автомобили.