Како изгледаат празничните декорации во Белата куќа

Како изгледаат празничните декорации во Белата куќа

Белата куќа блесна во празнично руво. Меланија Трамп покажа како изгледаат овогодишните декорации во претседателскиот дом.

За разлика од минатата година, кога белите декорации имаа лидерска улога, сега доминираат црвени украси.

На своите профили на социјалните мрежи, Првата дама на САД сподели фотографии и видеа од празничната атмосфера. Додека ги покажуваше елките и лампионите, таа беше облечена во стилска комбинација со палто од Стела Мекартни.

„Ова е радосен период од годината кога ја декорираме Белата куќа за божиќната сезона. Нашата тема им оддава чест на срцето и духот на американскиот народ. Им благодарам на многуте волонтери и персоналот кој работеше напорно. Во име на моето семејство, им посакувам на сите Среќен Божиќ и Среќна Нова година“ – стои во соопштението на Меланија.