Како изгледа станот на богатата наследничка Ники Хилтон?

Како изгледа станот на богатата наследничка Ники Хилтон?

Ники Хилтон го покажа станот во Њујорк, во кој живее со сопругот Џејмс Ротшилд и ќерките Лили и Теди.

Богатата наследничка на империјата Хитон го покани тимот на Architectural Digest во шармантниот дом и истакна дека најмногу уживала додека ја подготвувала детската соба.

„Многу се забавував уредувајќи ја оваа соба. Повторно го оживуваш детството со сите нешта кои си ги сакала: мачиња и зајчиња и принцези“ – рекла таа.