Како Џесика Алба стана успешна и позната бизнис жена?

Како Џесика Алба стана успешна и позната бизнис жена?

Американската глумица и бизнис жена Џесика Алба ни открива како успеала да изгради свој личен бизнис. 

Џесика Алба ја започна својата кариера во 2000 година, а филмовите “Honey”, “Into the Blue” и “Fantastic Four” ја вивнале на ѕвезденото небо. Многу брзо започна да напредува во светот на филмската индустрија, така што учествуваше во големи филмски проекти.Покрај тоа што станала успешна глумица, таа израснала во вистинска бизнис жена основајќи ја својата компанија “Honest Beauty”. Основањето на козметичката компанија се покажа како добар потег, а Џесика докажа дека одлично плива и во бизнис водите.

После големиот успех во полето на бизнисот, познатиот магазин “Форбс” ја рангирал на листата на најбогатите жени на светот, со заработка од 340 милиони долари. Која е нејзината тајна за успех? Глумицата во едно интерјву откри како една замисла може да се развие во успешна бизнис идеја.

“Важно е да знаете што навистина правите поразлично од останатите. Да бидете уште еден бренд во море од останати слични брендови нема да ве издвои во бизнисот. Мора да бидете поразлични, единствени и да правите нешто навистина посебно”.

“Најпаметната работа која можете да ја направите е на состанокот да кажете што точно посакувате, не се извинувајте за вашите идеи и да не прифаќате “не” за одговор”, вели Алба.