Како да ја заштитите кожата во текот на ладните есенски денови?

Како да ја заштитите кожата во текот на ладните есенски денови?

Есента може да биде сурова кон кожата. Ниската влажност и ниските температури во текот на есента ја прават кожата сува и иритирана, што доведува до чешање и појава на болни пукнатини.

Јакиот ветер ја влошува состојбата, бидејќи го зголемува испарувањето на водата од кожата. Јадењето на добри масти како оние од рибата, кои содржат хранливи омега-3 масни киселини и честото пиење вода може да ја подобри состојбата.

Употребувајте креми со висок заштитен фактор, бидејќи сонцето зрачи штетни зраци во ладните месеци, особено на планина.

Следуваат неколку совети кои ќе ви помогнат да го превенирате сушењето на кожата поради студенилото:
  • Редовно нанесувајте маст за усни, по можност со заштитен фактор. Немојте да ги лижете усните со јазикот, затоа што ваквата навика придонесува за нивно дополнително сушење, иако можеби верувате во обратното.
  • Стекнете навика да нанесувате хидратантно млеко на кожата веднаш по излегувањето од бањата, па дури и на влажна кожа, за да можете да задржите колку што е возможно повеќе влага.
  • Нанесувајте креми кои ќе ја влажнат кожата пред секое излегување надвор. Не користете такви кои содржат премногу вода, затоа што може да се замрзне на лицето кога ќе излезете надвор.
  • Применувајте кратки туширања со млака вода наместо долги и топли купки. За хигена користете навлажнувачки сапуни (синдети) или гелови, без парфем. Избегнувајте антибактериски сапуни, кои дополнително ја сушат кожата.