Како да ја переме облеката, а притоа да се спасиме од бактериите?

Како да ја переме облеката, а притоа да се спасиме од бактериите?

На колку степени ја перете шарената облека?

Температурата на перење од 40 степени е на самата граница, но 30 е критична, бидејќи многу бактерии, како што е Ешерихија коли, успеваат да преживеат и на 37 степени!

Ако ја перете облеката на пониска температура, бактериите многу лесно може да се задржат на ткаенината и потоа да се пренесат.

Со оглед на тоа што температурата од 40 степени е на самата граница, микробиолозите советуваат да не ја перете облеката на температура помала од 60 степени, а особено немојте да штедите при перењето детска облека!

Долната облека, пешкирите, кујнските крпи и постелнината треба исклучиво да се перат на 90-95 степени.