Како да ги пресметате плодните денови?

Како да ги пресметате плодните денови?

Поголемиот дел на бремености настанале како резултат на сексуален однос кој се случил 3 дена пред, на денот на овулацијата или денот потоа. Сперматозоидите во телото преживуваат 3 до 5 дена, јајце клетките 24 часа, затоа плодните денови траат до седум дена.

Постои начин како да ги пресметате вашите плодни денови:

Ако пресметувате од првиот ден на менструацијата, под претпоставка да имате уреден циклус од 28 дена, плодни денови би биле 11,12,13,14,15,16 и 17 ден. Со тоа што 13,14 и 15 ден се најплодни денови.

Ако жената има уреден менструален циклус од 26-34 дена, тогаш плодните денов ќе ги пресметате вака:

Од најкраткиот циклус се одбива 18, со што ќе го добиете првиот ден од циклусот. Од најдолгиот циклус се одбива 11 и се добива последниот плоден ден од циклусот. Во правиле 28 дневен циклус плодни денови се од 10-17 ден.

28-18=10 (почеток на плодните денови)

28-11+17(крајот на плодните денови)

Друг пример: жена има циклус од 28 до 32 дена. Па, 28-18=10 и 32-11=21, што би значело дека плодните денови траат од 10 до 21 ден.