Кајли Џенер со старите фотографии ја крие бременоста

Кајли Џенер со старите фотографии ја крие бременоста

Кајли Џенер ги објави првите фотографии на Инстаграм откако се шпекулираше дека е бремена, но од нејзиниот стомак ни траг ни глас!

“Вчера беше многу пријатно. Се надевам дека досега имаше најсреќен роденден, Џорди. Те сакам “, напиша Кајли под фотографијата со нејзината најдобра пријателка Џордин Вудс.

Интересно, Кајли на сликата гоа покажува својот рамен стомак. На втората фотографија што ја објави, ТВ-ѕвездата позира со своите пријатели, и сите носат исти бањарки. Кајли и на оваа слика не изгледа како да е бремена.

Според медиумите, Кајли е четврти месец бремена од Тревис Скот, кој им кажал на своите пријатели дека ќе добие ќерка.