Кајли Џенер се почасти со нов автомобил

Кајли Џенер се почасти со нов автомобил

И покрај тоа што има само 23 години, Кајли Џенер,  реалити sвездата и сопственичка на бјути империја живее во голем луксуз.

Таа поседува луксузна нова вила во која се пресели заедно со нејзината ќерка Сторми Вебстер, неколку скапи автомобили, а сега додаде и нова во својата флота.

Станува збор за Bugatti Chiron во црно-бело, кој чинеше 3 милиони долари и за кој таа се пофали на Инстаграм, каде заработува неверојатни 986.000 долари по објава.