Кајли Џенер поради бебето ќе мора да се откаже од своите напумпани усни?

Кајли Џенер поради бебето ќе мора да се откаже од своите напумпани усни?

Помина веќе недела дена од кога изби веста дека 20 годишата Кајли Џенер е бремена.

Официјална потврда сеуште не сме добиле, но како никој од семејството не ги демантираше гласините, јавноста е сигурна дека гласините се вистинити. Многу се прашуваат како доаѓањето на бебето ќе го промени нејзиниот начин на живот, а поедини медиуми открија и дека поради бременоста таа ќе мора да се откаже од нејзиниот заштитен знак – нејзините полни усни.

Веќе не е тајна дека Кајли со филери во усните го постигна својот идеален изглед. Но се чини дека Кајли мора да паузира со хијалуронот наредните неколку месеци.

Странските медиуми се прашуваа дали овој зафат е штетен за бебето, па контактираа познати доктори. Се испостави дека сеуште не е докажано дека филерите можат да му наштетат на развојот на фетусот, но секако докторите ги забрануваат сите козметички зафати во текот на бременоста.

Интересно е тоа што докторот додаде и дека Кајли нема да смее да ги користи сите производи од Кајли Козметик колекцијата. Таа не смее да користи бронзер, сенки за очи, пудра во прав бидејќи содржат алуминиум во себе, но ќе може да го користи својот Лип Кит.