Кајли Џенер отсуствува од божиќната честитка на Кардашијан

Кајли Џенер отсуствува од божиќната честитка на Кардашијан

Семејството Кардашијан од година во година има се покреативни и необични божиќни честитки, но овогодинешната ги изненади многу.

Крис Џенер ја сподели на Инстаграм честитката, 24 по ред оваа година, а на неа се најдоа сите членови од семејството освен една – Кајли Џенер, за која со месеци се шпекулира дека е бремена.

4 генерации на Кардашијан – Џенер се најдоа на честитката, вклучувајќи ја и Мери Џо Кемпбел, мајката на Крис.

Кортни е во друштво на синот Мејсон и ќерката Пенелопе, додека Клои во раце ја држи ќерката на братот Роб, Дрим.

На крајот од фотографијата е Ким, со синот Сеинт и ќерката Норт, додека на другиот крај Кендал позира сама.

Интернетот шпекулира дека Кајли ќе постира своја честитка и дека конечно јавно ќе објави дека е бремена.

Доказ за тоа, фановите пронајдоа токму на оваа фотографија, бидејќи можеме да забележиме дека Норт, Крис, Мери Џо, Кортни и Пенелопе гледаат во исти правец.

А ако го прашувате интернетот тој ќе ви одговори дека тоа е така поради тоа што на другиот крај од честитката позира бремената Кајли.

DAY 24 🎄 #ChristmasEve

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner) on