Кајли Џенер фотографирана за прв пат со момчето после гласините за бременоста

Кајли Џенер фотографирана за прв пат со момчето после гласините за бременоста

Кајли Џенер беше фотографирана на музичкиот фестивал “ИХарт радио” во саботата вечер, за прв пат откако се појавија гласини дека е бремена.

Дваесетгодишната ТВ-ѕвезда беше видена на концертот на момчето Травис Скот, а нејзиното присуство беше овековечено од раперот Френч Монтана.

Во видеото објавено на Инстаграм, Џенер се гледа дека стои покрај сцената, додека Скот изведува еден од неговите хитови на сцената.

Кајли, исто така, се појави на официјалната страна на Инстаграм на фестивалот. “Погледнете кој дојде да го поддржи момчето … КАЈЛИ ЏЕНЕР”, е во описот на сликата.

Ова е прв пат двојката да биде видена на исто место откако се појави вест во јавноста во петокот дека Кајли била бремена. Засега таа не одрече ништо, но ниту потврди.