Каде е најубаво да ја поминете новата година?

Каде е најубаво да ја поминете новата година?

Ве носиме на едно интерконтинентално патување. Знаеле ли кои се најдобрите дестинации за дочек на новата година?

Њујорк

Милион луѓе ширум светот се собираат на Тајмс сквер со цел да ја прослават новата година. Тие на полноќ чекаат да се појави кристалната топка од позната зграда Њујорк Тајмс. Оваа традиција во Њујорк е долга повеќе од 100 години.

Рио де Женеиро

Ревелион прославата е една од најпознатите во светот. Облечени во бело како свештеници, милиони луѓе на градската плажа фрлаат цвеќиња за полноќ во брановите.

Лас Вегас

Еден од најубавите огномети во светот ќе ги најдете токму тука, за новата година. Примамливите казина и големиот број на концерти се дел од прославата на новата година.

Лондон

Милиони луѓе се собираат околу реката Темза и очекуваат на Биг Бен да отчука полноќ.

Париз

Градот на светлината за време на новата година се претвара во градот на огнометот. Парижаните и нивните гости со шампањ во рацете чекаат да дојде полноќ и потоа заминуваат на разни места каде што има и различен вид на забави.

Сиднеј

Доколку сакате да ја прославите новата година во овој град, тогаш сигурно сте привлечени од прекрасниот огномет од познатиот мост во Сиднеј и околните згради.