Јувентус сака да го ангажира Пеп Гвардиола

Јувентус сака да го ангажира Пеп Гвардиола

Многу кратко откако се појавија гласините дека Јувентус сака да го врати Алегри, излегува шпекулација дека италијанскиот шампион цели уште повисоко, планот е да се ангажира Пеп Гвардиола.

Англискиот весник „Сан“, тврди дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели во Гвардиола гледа идеален тренер за својот клуб за остварување на амбицијата шампион на Европа.

Ваквата шпекулација излегува многу кратко по гласините дека Јувентус не е задоволен од Сари и посакува да го врати Масимо Алегри.

Гвардиола и претходно се поврзуваше со Јувентус, во еден период дури и се пишуваше дека тој веќе има договор со италијанскиот шампион.

За разлика од минатата сезона, Гвардиола овој пат нема да стане шампион на Англија, а ако не ја освои и Лигата на шампионите, ќе се зголемат шансите за негово заминување од Манчестер Сити.

Серија А не е непознато првенство за Гвардиола, тој како фудбалер играше за Рома и Бреша.