Јувентус конечно го победи Лацио

Јувентус конечно го победи Лацио

Јувентус излезе како победник од мечот со Лацио и направи голем чекор кон освојување на нова титула во Серија А, број девет во низа.

„Бјанконерите“ во третиот овосезонски дуел (3-1, 3-1 порази во Калчо и Супер Купот) конечно се израдуваат на славје против избраниците на Инѕаги и тоа славје во 2-1 со што сега на четири кола до крајот имаат осум бодови повеќе во однос на второпласираниот Интер.

Најзначајните возбудувања на натпреварот во Торино се случија во вториот дел, па така домаќините во периодот од 51 до 54 минута дадоа два гола преку Кристијано Роналдо. Прво Португалецот погоди од пенал кој беше досуден поради играње со рака од страна на Бастос. Во втората ситуација Кристијано ја искористи асистенцијата на Дибала и одново ја начна мрежата на гостите за голема предност.

Со ова напаѓачот дојде до два рекорди, прв играч кој успеал да даде најмалку 50 голови во Серија А, Премиер лига и Примера, плус стана фудбалер на кого му требале најмал број на мечеви да стигне до оваа бројка на погодоци во Италија.