Јувентус го враќа Погба

Јувентус го враќа Погба

Пол Погба во јануари би можел да направи бомбастичен трансфер со кој би се вратил во редовите на Јувентус.

Како што пишуваатмедиумите во Италија, за Погба има интерес од тимот на Јувентус кој сака да го врати играчот кој со голем успех настапуваше од 2012 до 2016 година.

„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус е подготвен да плати 60 милиони фунти плус Емре Чан за да го добие одличниот фудбалер.

Сепак, огромна е веројатноста дека Манчестер Јунајтед ќе ја одбие оваа „ситна“ понуда од клубот од Италија.