Јусеин Болт го претстави својот прв електричен автомобил

Јусеин Болт го претстави својот прв електричен автомобил

Јамајканецот Јусеин Болт, откако се докажа во спортот, сега пробува да биде успешен и во автомобилската индустрија.

Следејќи ги трендовите, тој се одлучил за електричен автомобил. Најбрзиот човек на светот, повеќекратен победник на 100 и 200 метри, не се одлучил за создавање на најбрзиот автомобил, но затоа истиот би можел да биде најпрактичен.

Моделот го носи името “Bolt Nano”. Претставен е на “Vivatech” во Париз и доаѓа откако Болт ја претстави својата линија на електрични скутери и ромобили. Благодарение на компактните мерки, автомобилот лесно се снаоѓа во урбаните средини, а истиот е толку мал што може да собере дури четири модели на едно паркинг место.

Техничките податоци засега се тајна, а единствено познато е дека батериите лесно се менуваат, како и дека стартната цена ќе изнесува 9.999 американски долари. Компанијата ќе започне со негово производство кон крајот на 2020 година.